Концерти за мир

Концерти за мир

Од 1984-тата година, Шри Чинмој одржа преку 800 концерти за мир и внатрешна хармонија, на бројни светски познати места како Карнеги Хол, Сиднеј Опера Хаус, Ројал Алберт Хол, Линколн Центар и Будокан Хол – секогаш бесплатно.

Публиката од 19 000 луѓе, седејќи во тишина, беше воодушевена од душевните мелодии на неговите соло изведби на флејта, виола, виолина, индиски есраџ, виолончело, синтисајзер, пијано, хармониум, слајд гитара и мноштво други инструменти.

Вкупно преку 1 милион луѓе се приклучија да ги споделат во тишина нивните сопствени надежи и аспирации за похармоничен свет.

Вистински маестро, Шри Чинмој постојано компонираше и изведуваше за да ја продлабочи својата музикалност и длабочините на неговите музички дела што ги нудеше на светот. 

„Шри Чинмој изведе една душевна изведба на есраџ и еден прекрасен многу модерен есеј на флејта, сосема доволно за да направи еден елен да ја положи својата глава во скутот на музичарот.“ – Вашингтон Пост

„Ова беше вечер за тивка медитација и душевни мелодии изведени на индиски есраџ, флејта и други инструменти, испратени во свежиот воздух на вечерта од страна на Шри Чинмој.“ – Лос Анџелес Тајмс

error: Внимание: Содржината е заштитена!

Успешно се регистриравте

Имаше грешка при обидот за регистрација. Обидете се повторно.

Медитација will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.