Песни на душата

Песни на душата концерти

Шри Чинмој е маестро, врховен музичар и композитор, чии дела го држеа во најбудно внимание дури и големиот Леонард Бернштајн. Шри Чинмој има компонирано повеќе од 13 000 песни на неговиот мајчин бенгалски јазик и 7 000 на англиски и други јазици, што ги изведуваше на повеќе од 800 концерти. Тие концерти беа одржани во значајни светски места како Ројал Алберт Хол (Royal Albert Hall), Линколн Сентр (Lincoln Center) и Сиднеј Опера Хаус (Sydney Opera House), и сите беа понудени бесплатно.

Музичарот цврсто верува дека музика како неговата, што е посветена на внатрешен мир, не треба и не може да биде понудена за одредена цена. „Мирот е наше родено право.“ – објаснува Шри Чинмој.

„Многу сум Ви благодарен за најубавиот момент од мојот живот.“ – Дон Пабло Казалс

„Шри Чинмој е чудесен модел за изобилството во креативниот живот и јас само можам да се надевам дека еден ден ќе можам да учествувам во таа космичка фонтана на спокој и длабока енергија, во која тој живее.“ – Маестро Леонард Бернштајн

„Тоа што го прави Шри Чинмој е дадено од Бог! Тој има огромен, фантастичен, креативен порив.“ – Пандит Рави Шанкар

„Преку музиката, универзалното чувство на единство може да се постигне додека да трепнеш со окото.“ – Шри Чинмој

„Песни на душата“ е музичко патување што ја зема длабочината, моќта и чистата пространост на музичките композиции на Шри Чинмој, и ткае искуство посветено на патувањето на човечката душа.

error: Внимание: Содржината е заштитена!

Успешно се регистриравте

Имаше грешка при обидот за регистрација. Обидете се повторно.

Медитација will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.