Шри Чинмој Маратон Тим

Цврсто верувајќи во неоходноста од физичкото здравје, Шри Чинмој не само што ги помогна првите маратони и ултрамаратони, туку и самиот учествуваше во многу такви настани.

Инспирирани од верувањето на Шри Чинмој во неограничените потенцијали на човекот, стотици и илјадници учесници ги надминале своите граници и го откриле својот потенцијал преку трките на тимот. Инспирирани од посветеноста на Шри Чинмој на долгите трки, во 70-тите години беше основан „Шри Чинмој Маратон Тим“, со цел да се промовира здравјето преку трчање. Оттогаш тимот одржал илјадници трки, од сениорски атлетски натпревари до маратони и повеќедневни трки, вклучувајќи ја и најдолгата трка во светот на 3100 милји.

Во Македонија, „Шри Чинмој Маратон Тим“ постои од 1990-тата година, во рамките на здружението на граѓани „Центар Шри Чинмој“. Од 1997-мата година се формира како посебно спортско здружение – атлетски клуб.

Денес „Шри Чинмој Маратон Тим“ е член на Атлетската Федерација на Македонија и активно учествува со сопствена организација на маратонски и улични трки, како и со ко-организација на заеднички спортски настани.

„Шри Чинмој Маратон Тим“ активно соработува со МОК, Сојуз на спортови на град Скопје и на Македонија, како и со други спортски здруженија.

Од страна на Македонскиот Олимписки Комитет, како израз на признание за неговиот посебен придонес во развојот на спорот, на Шри Чинмој му беше доделена Олимписка награда насловена: „Древен дух на олимпизмот“. Признанието му беше доделено на трката за Мајка Тереза, што се одржа при неговата посета на Македонија на 15-ти и 16-ти октомври 2003-тата година, по покана од трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.

Посебниот придонес во македонскиот спорт и атлетиката, „Шри Чинмој Маратон Тим“ во Македонија го дава со настапот на свои маратонци на разни трки, кои за прв пат имаат поставено македонски рекорди во повеќе ултрамаратонските трки.

„Физичкото и духовното мора да одат заедно. Тие не може да бидат одвоени.“ – Шри Чинмој

error: Внимание: Содржината е заштитена!

Успешно се регистриравте

Имаше грешка при обидот за регистрација. Обидете се повторно.

Медитација will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.