Вeжба зa кoнтeмплaциja

1. Криенка. Обиди се да зaмислиш златно битие и да почувствуваш дека е бескрајно поубаво од најубавото дете што си го видел на земјата. Тоа битие е твојот Сакан Господ Севишен. Ти си божествен вљубеник, а златното битие е твојот Сакан Господ Севишен.

Сега, обиди се да замислиш дека твоето сопствено постоење и исто така и тоа на твојот Сакан се на врвот на Хималаите или на самото дно на Тихиот Океан, кое било што е полесно за тебе. Кога ќе го почувствуваш тоа, насмевни се внатрешно.

По неколку секунди, те молам, почувствувај дека ти самиот си Саканиот Севишен, а дека златното битие е божествениот вљубеник. Тоа е како божествена игра на криенка. Кога ти ќе станеш Саканиот Севишен, божествениот вљубеник те бара тебе, а кога ти ќе станеш божествениот вљубеник, ти го бараш Саканиот Севишен. Во еден момент си врвниот вљубеник, а во следниот момент си Саканиот Севишен.

На почеток, те молам, прави го ова со полуотворени очи. Кога ќе станеш експерт, може да ги затвориш очите.

error: Внимание: Содржината е заштитена!

Успешно се регистриравте

Имаше грешка при обидот за регистрација. Обидете се повторно.

Медитација will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.